Home Equals – Домот е еднаквост

Хабитат Македонија се залага за еднаков пристап до адекватно домување за сите, вклучувајќи ги и неформалните населби како оние во Шуто Оризари и Куманово.

Приказни

СОБА ЗА ДВАЕСЕТ ДУШИ

Зулфија Бекировски е човек со широка насмевка среде тесни ѕидови. Tој е пензионер кој работел како магационер во поранешната скопска…
Приказни

ОЧИ ПОЛНИ НАДЕЖ

ОЧИ ПОЛНИ НАДЕЖ – Сенад Салиевски е млад машинобравар што животот го фрли во вителот на предизвиците. Во неговиот дом во…

Хабитат Македонија заедно со партнерските организации ширум светот започнуваат петгодишната кампања „Домот е еднаквост“ (Home Equals) преку која се иницираат промени на политиките на локално, национално и глобално ниво. Целта е да се зголеми пристапот до адекватно домување за луѓето кои живеат во неформалните населби.
Хабитат Македонија во соработка со националните и локалните власти, заедно со луѓето од неформалните населби во Шуто Оризари и Куманово, ќе ги поддржи политиките и системите што треба да се унапредат за подобро да се задоволат потребите на поединците кои немаат пристап до адекватно домување, што ќе резултира со подобри резултати во намалувањето на сиромаштијата, унапредување на здравството, образованието и човековите права.
Дознајте повеќе за глобалната кампања на Habitat for Humanity на www.habitat.org/home-equals

Предизвици на живеењето во неформални населби во Македонија

Според податоците на ОН – Хабитат околу 3,7% од вкупното население во Македонија или околу 77.000 лица живеат во неформални населби, а овој процент се зголемува доколку се разгледува населението кое живее во урбани средини и изнесува 6,4%. Во неформалните  населби во Македонија живеат претежно припадници на ромската заедница.
Главните предизвици за одржливиот урбан развој во „ромските населби“ и приоритетни области за делување се: Неурбанизирани подрачја населени со Роми во речиси секоја општина во Македонија; незавршен процес на легализација според Законот за постапување со бесправно изградени објекти; Лоши услови за домување и недостиг до финансиски средства за подобрување на условите во домовите; Недоволно организирани комунални услуги во „ромските населби“, вклучително и лоши услови во здравствените и образовните институции; Слаба и недоволна застапеност на Ромите и другите маргинализирани и ранливи групи во процесот на донесување одлуки на локално ниво; Недоволен капацитет на ромската заедница, да се вклучат  во решавање на прашањата во врска со социјалната интеграција на Ромите; Неефикасните механизми за спроведување на правото на адекватно домување за Ромите и другите маргинализирани групи граѓани.
Ромските заедници, без разлика на националниот контекст, се заробени во магичниот круг на сиромаштија. Откако семејствата се наоѓаат во сиромаштија, оваа ситуација станува генерациска, пренесена од една генерација на друга. Сиромаштијата и ранливоста во ромските заедници е след на поврзани проблеми што води до социјална исклученост од образованието и здравствените услуги што произведува стигматизација и маргинализација на Ромите.
Habitat for Humanity се занимава со прашањата на неформалните населби ширум светот. Погледнете ја деталната анализа на предизвиците со кои се соочуваат луѓето кои живеат во неформални населби.

Какво значење има кампањата Домот е еднаквост?

Домувањето е еден од клучните фактори за здравје, социјална и економска сигурност, образование, можности за вработување и други основни потреби и права за квалитетно живеење.
Жителите на неформалните населби, притиснати од проблемите, приморани се самите наоѓаат решение за својот проблем за домувањето. Тој пристап во решавање на проблемите најчесто креира нови пречки за урбанизација и планирање на развојот на заедницата. Соодветните политики на локално и на национално ниво може да ги отстранат пречките со коишто овие жители се соочуваат, да ги унапредат условите за да создадат подобра иднина на многу повеќе луѓе кои ја заслужуваат можноста да живеат во безбеден и сигурен дом, како еден од клучните фактори за здравје, социјална сигурност, образование, вработување и други основни потреби и права за квалитетно живеење.
Со подобрувањето на домувањето во неформалните населби, на пошироко ниво, суштински се подобрува економскиот и човечкиот развој, се наведува во извештајот што е објавен денес за поддршка на кампањата „Домот е еднаквост“ (Home Equals). Ова е прв од ваков вид извештај на Habitat for Humanity во партнерство со институтот за истражување – Меѓународен институт за животна средина и развој (International Institute for Environment and Development, или IIED), во кој се пресметани модели за придобивките кои би се добиле од унапредување на домувањето во однос на економскиот раст, приходите, здравјето и образованието. Иако моделот на извештајот не ги генерира проекциите за секоја земја поединечно, согласно типологијата и достапните податоци може да се пресметаат генералните движења. Според оваа типологија, во светски рамки, Македонија спаѓа во Тип 1 на земји со висок индекс на човечки развој и низок процент на население кое живее во неформални населби, а пресметано е дека подобрување на домувањето во неформалните населби би резултирало со зголемување на БДП и приходот по глава на жител до 3%. Животниот век при тоа би се продолжил за 10%, додека годините на образование би се зголемиле за 12%. Сите овие подобрувања би влијаеле и врз подобрување на Индексот за човечки развој.
Со подобрување на домувањето на луѓето во неформалните населби се подобруваат системите за заштита на животна средина, политичките системи, здравствената заштита за целата заедница, што доведува до напредок и внатре и надвор од тие населби.

Можни решенија

Како дел од кампањата „Домот е еднаквост“, Хабитат Македонија презема активности за застапување со цел да се обезбеди поголема сигурност на живеалиштата, енергетска ефикасност и урбанизација во две општини – Шуто Оризари и Куманово, каде во неформални населби живеат претежно припадниците на ромската заедница.
Хабитат Македонија во соработка со националните и локалните власти, заедно со луѓето од неформалните населби во Шуто Оризари и Куманово, ќе се залага да се подобрат политиките и системите на локално и национално ниво  со цел подобро да се задоволат потребите на  лицата без адекватно домување. Се очекува дека тоа ќе резултира со намалување на сиромаштијата, унапредување на здравството, образованието и човековите права.

  • Поттикнување на учество – Во соработка со националните и локалните власти, заедно со жителите на неформалните населби, Хабитат Македонија ќе ги поддржи политиките и системите што треба да се унапредат, со што ќе придонесе за подобри резултати во намалувањето на сиромаштијата, подобрувањето на здравството, образованието, економијата и други области. Ги поддржуваме ромските поединци, домаќинствата и целата заедница да ги зајакнат своите капацитети, да направат промени и да се вклучат општествените текови.
  • Справување со климатски промени – Домовите во ромските заедници, во основа не се градени со запазување на сите стандарди, вклучително и оние за енергетска ефикасност. Преку развивање на одржлив финансиски модел ќе се обезбеди поддршка за ромските домаќинства да можат да спроведат мерки за енергетска ефикасност во своите домови и да придонесат за климатската отпорност на заедницата.
  • Пристап до основните сервиси – Најголем дел од домовите не се легализирани и се во лоша состојба. Со поддршка на процесот на легализација и реновирање на куќите, вклучително и унапредување на енергетската ефикасност ќе се обезбеди пристап до основните комунални услуги и со тоа поквалитетен живот на жителите.
  • Сигурност во домувањето – Поголемиот дел од ромските населби не се покриени со Детални урбанистички планови (ДУП), така што и локалните власти се соочуваат со огромни проблеми да обезбедат соци-економски развој на нивната општина, а граѓаните кои не можат да ги легализираат своите домови имаат пречки целосно остварување на нивните социјални и економски права и нивна интеграција во поширокото градско ткиво. Еднаквоста започнува од домот.

Преку сигурни права на земјиштето, зголемено граѓанско учество, отпорност на климатски промени и пристап до основни услуги, можеме да се справиме со сиромаштијата, да го подобриме здравјето и образованието, да промовираме социјална правда и да го поддржиме економскиот раст за сите. Секоја неформална населба е уникатна и Habitat for Humanity се застапува за широк спектар на политики со решенија кои ќе ги пресретнат потребите на различните заедници. Дознајте повеќе за сите различни политики со решенија кои Habitat for Humanity ги користи ширум светот.

Активности на кампањата Домови за еднаквост

Влијанието на адекватното домување

Адекватното домување директно да влијае врз здравјето, безбедноста и сигурноста, како и врз економските можности на луѓето кои живеат во неформалните населби, како и врз нивните соседи, но и државата како целина.
Прочитај повеќе…

Нова трансформација на зградата

Погледнете ја фотогалеријата за тоа како жителите на Кибера, неформална наслеба во Најроби, Кенија градат побезбедни, попристапни домови со иновативни материјали и работат заедно за да ја променат нивната заедница. Прочитај повеќе…

Вклучи се!

Потпиши ја петицијата на Habitat for Humanity за да ја искажеш својата поддршка за обезбедување на адекватно домување и подобрување на животите на луѓето во неформалните населби во Македонија и низ светот.

Повеќе информации

Подобрување на домувањето во неформални населби: проценка влијанијата во човековиот развој
Што ако секој што живее во неформални населби добие пристап до соодветен дом? Кои придобивки ќе ги видиме и како тоа ќе влијае на една земја, на нејзиниот економски и човечки развој? Habitat for Humanity и International Institute for Environment and Development ги истражуваат овие прашања во овој извештај.

Дознајте повеќе за кампањата Home Equals низ светот