ДОМОТ = ЗAСОЛНИШТЕ

„Надежта последна умира“. Oваа реченица тивко изговорена во дворот на куќата во Шуто Оризари ја отсликува животната борба на Зејнепа Сакип. Домот во кој таа сега живее со своите два сина го изградиле со сопругот кој починал пред три години. Дваесет и осумгодишната ќерка се иселила пред пет години и отишла да живее под кирија. Така Зејнепа останала сама да се грижи за болните синови Емран и Мијаим. Синовите со посебни потреби имаат 35 и 42 години и како што вели Зејнепа „не се оженети и не можат да работат ниту повремено“. „Душата ме боли за синовите, но фала му на Бога што можат и двајцата да се движат“ рече загрижената мајка, напоменувајќи дека ниеден лекар не доаѓа дома да ги посети, туку самата ги носи на психијатриски контроли бидејќи тие се плашат од гужви во автобус.

Сепак, таа не ја губи надежта дека работите во иднина ќе се подобрат. Се грижи за своето семејство со малата социјална помош од државата и со средствата за туѓа нега кои засега ги добива само за едниот син.
Лесно облечена, со пластични влечки на нозете во студениот зимски ден, Зејнепа ни го покажа стариот дотраен прозорец од куќата кој би сакала да биде променет како и бравите на вратите, но и дел од кровот кој протекува. „Ужасно е. Да имам пари јас нема да чекам ова некој да го поправи, самите ќе си го поправиме “, Вели Зејнепа.
Нејзиното домаќинство е едно од 50 домаќинства во Шуто Оризари кои со проектот „Домот е еднаквост“ добија нови врати и прозорци.
Но, уште многу поддршка е потребна за да може семејството да живее во пристоен дом.

И додека заминуваме од оваа куќа на надеж, во дворот не испраќа синот Емран. На прашањето што за него претставува домот, смирено вели

„Засолниште“

Катерина Богоева и проектен тим на Хабитат Македонија, март , 2025