Приклучете се во кампањата Урбан oктомври

Овој октомври го посветуваме на подигање на јавната свест за значењето на домувањето.
Заедно со сите организации на  Habitat for Humanity и UN-HABITAT низ светот, овој „Урбан oктомври“ ги прашуваме сите Што е домот за вас?
Напишете на обичен лист хартија „Домот = __________________“ или отпечатете го знакот подолу и споделете што е домот за вас, фотографирајте се и испратете ни ја фотографијата или објавете ја на вашите профили на социјалните мрежи и означете нé, користете #HomeEquals,#ДомотЕЕднаквост и вклучете се во подигање на свесноста за значењето на еднаквоста во домувањето.

Затоа што секој човек заслужува пристоен и безбеден дом.

Затоа што ДОМОТ Е ЕДНАКВОСТ.